Охрид: Продолжува Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Религијата во образованието-нејзината улога во трансформацијата на општеството“ и „Придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото“ се темите за кои денеска дебатираат учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид. На собирот присуствуваат повеќе од 300 претставници, од кои 200 се од религиозните групи и верските заедници. Оваа конференција е продолжение на неколкуте регионални форуми и собири одржани во Македонија, а се организира во рамките на декадите на ОН и УНЕСКО „За дијалог меѓу цивилизациите“ и „За култура на мирот“.