Лисабон: Самит меѓу ЕУ и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска во Португалија одржува самит со лидерите на Европската Унија. Се очекува потпишување договор за извоз на руски челик во западна Европа, но остануваат спорни прашањата поврзани со енергијата, трговијата и човековите права. Меѓу главните теми на самитот се и косовското прашање и иранската нуклеарна програма.