Мафра: Самит на ЕУ и Русија

Во португалскиот град Мафра денеска ќе биде одржан самит ЕУ- Русија, на кој главни теми се билатералните односи, поставувањето на американски противракетен штит во Европа, како и ситуациите во Косово и во Иран. Делегациите се предводени од рускиот претседател Владимир Путин и првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.