Калифорнија: Милион луѓе ги напуштиле домовите како последица од пожарите

Милион луѓе биле принудени да ги напуштат нивните домови поради големите шумски пожари кои беснеаат во јужна Калифорнија. Досега во пожарите загинале пет луѓе додека над илјада и петстотини куќи и деловни простории биле уништени. Претседателот Џорџ Буш прогласи вонредна состојба во Калифорнија и најави дека утре ќе ги посети погодените подрачја.