Вашингтон: Џорџ Буш ќе говори за демократските промени во Куба

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува денеска да ги повика кубанците да почнат мирни демократски промени во нивната земја. Во најавениот говор, како што се дознава, тој ќе побара формирање фонд за помош на кубанската демократска транзиција. Кубанскиот лидер Фидел Кастро во минатата година, поради болест, му ја предаде власта на неговиот брат Раул.