Вашингтон: Стејт Департментот со позитивна оценка за продолжување на разговорите за името

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Шон Меккормак го оцени како позитивен предлогот на посредникот Метју Нимиц за продолжување на разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.,,Како што знаете, ние донесовме одлука за прашањето за името,, изјави Меккормак. Посредникот Нимиц пред два дена соопшти дека двете страни се согласиле новиот круг разговори за името да се одржи на први идниот месец во Њујорк.