Тромсо: Началникот на генералштабот Мирослав Стојановски на кинференција за стратегиски партнери

Делегација на Армијата на РМ, предводена од началникот на ГШ генерал-потполковник Мирослав Стојановски ќе учествува на Конференцијата на стратегиски воени партнери, што ќе се одржува до 24 октомври во Тромсо, Норвешка. На конференцијата учествуваат делегации од армиите членки на НАТО, Партнерство за мир и Медитеранскиот дијалог. Се разговара за подобрување на активностите на НАТО низ меѓународни операции, создавање заеднички рамки во процесот на военото образование и слично.