Пекинг: Заврши 17-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина

Со усвојување на еден амандман од Уставот и измени во раководството на партијата, во Пекинг заврши 17-от конгрес на Комунистичката партија. Околу 2200 делегати се изборија во Уставот да биде внесен концептот за научен развој на претседателот и лидер на партијата, Ху Џинтао. Под поимот научен развој социјалистите во Кина подразбираат рамномерен напредок на земјоделството, социјалните односи и екологијата.