Анкара: Премиерот на Турција изрази подготвеност за заедничка акција со Багдад

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изрази подготвеност за заедничка воена операција на Анкара и Багдад против камповите на бунтовниците на курдската работничка партија во Северен Ирак. Тој во едно телевизиско интервју прецизирал дека предлогот дошол од ирачкиот премиер Нури Ал Малики.