Техеран: Али Лариџани поднесол оставка

Иранската влада соопшти денеска дека главниот преговарач со меѓународната заедница за нулеарната енергија Али Лариџани поднесол оставка. Се прецизира дека оставката била прифатена од претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Се уште не е познато кои се причините за ваквиот чекор на Лариџани.