Вашингтон: Глобалната економија останува силна

Министрите за финансии на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот на состанокот во Вашингтон оценија дека глобалната економија останува силна. Сепак тие и со предупредување дека економскиот пораст би можело да биде нарушен од последните превирања на пазарот, особено цената на нафтата и слабите резултати во американското градежништво. Министрите побараа од Кина побрзо да ја зголеми вредноста на нејзината валута.