Пекинг: Кина остро го критикува одликувањето на Далај Лама

Кинеските власти денеска остро ги критикуваа Соединетите Држави поради одликувањето на тибанскиот духовен лидер Далај Лама. ,,Овој потег претставува мешање во внатрешните работи на Кина и сериозно ги поткопува односите меѓу двете земји,, оцени кинеското министерство за ндаворешни работи. На Далај Лама вчера му беше доделен Златен медал на американскиот конгрес, највисоко одликување кое им се доделува на цивилни лица.