Карачи: Илјадници луѓе го поздравија враќањето на екс премиерката Беназир Буто

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Карачи да го поздрават враќањето на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто во земјата по осум години минати во егзил. Буто изјави дека ќе се кандидира за претстојните избори и оти ќе се спротивастави на секаков вид верски екстремизам во Пакистан. Буто ја напушти земјата веднаш откако сегашниот претседател Мушараф со воен пуч ја презеде власта пред осум години.