Лисабон: Дводневен самит на лидерите на ЕУ

Денеска во Лисабон почнува дводневен самит на Европската Унија посветен на договорот за функционирањето на Унијата во наредните децении. Италија, Британија и Полска се меѓу земјите кои бараат промени во договорот за реформи. Овој договор треба да го замени нацрт уставот на Европската унија кој беше прифатен од евро лидерите во две илјади и четвртата година, но потоа беше отфрлен на референдумите во Франција и во Холандија.