Анкара: Турскиот парламент одобри прекугранична воена операција

Турскиот парламент вчера со големо мнозинство го одобри владиното барање за прекугранична воена операција во северен Ирак. Со 507 гласа за пратениците одобрија да се испрати турска војска која би дејствувала против припадниците на курдстанската работничка партија.Претседателот на Соединтетите Америакански Држави Џорџ Буш побара од властите во Анкара да не преземаат анкција. Претходно истото од Париз го побара и ирачкиот претсдател Џалал Талабани. Тој изјави дека се подготвени да соработуваат со Турција против курдските бунтовници.