Загреб: Парламентарните избори во Хрватска на 25 ноември

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ денеска ги распиша парламентарните избори за 25-ти ноември. Од денеска почнува да тече рокот од 14 дена за предавање на кандидатските листи, а предизборната кампања започнува на 3-ти ноември и ќе трае три недели.