Ерусалим: Денеска нови разговори на Кондолиза Рајс со претставници на Израелците и Палестинците

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе има нови разговори со претставници на израелците и палестинците во рамките на подготовките за престојниот блиско – источен самит. Рајс, која е во регионот, ќе има одвоени средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.