Вашингтон: Меѓународната кризна група предупредува - можно насилство во Јужна Србија и Прешево

Меѓународната кризна група (МКГ) во извештај предупреди дека косовската криза може да предизвика насилство во областа на Прешево во Јужна Србија, населена со етнички Албанци. И покрај тоа што регионот беше претежно мирен во изминатите години, можното насилство на Косово или поделбата на покраината може да доведе до инциденти и дури етничко чистење, предупреди МКГ. Според нив, „меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Белград и локалните етнички албански лидери, за да бидат спречени секакви инциденти и да се зачува постигнатиот мир“.