Букурешт: Продолжува посетата на претседателот на Европскиот парламент

Претседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Потеринг ја продолжува посетата на Романија, каде е со цел да ги охрабри Романците за учество во првите избори за Европскиот парламент во земјата. Романија ќе одржи избори за европратеници на 25 ноември. Потеринг разговара со шефот на романската држава Трајан Басеску, со премиерот Калин Попеску Таричану и со претседателите на двата дома на романскиот Парламент.