Багдад: Загинал новинар кој известувал за Вашингтон Пост

Весникот Вашингтон Пост јави дека еден од неговите ирачки репортери бил убиен додека известувал за вчерашните насилства меѓу шиитите и сунитите во Багдад. Станува збор за Салих Саиф Алдин кој работел за весникот повеќе од три години. Во Ирак секој месец гинат по неколкумина новинари.