Скопје: Денеска се одржува 56-тата седница, а ќе заседава и Анкетната Комисија за инцидентите

Денеска во Скопје Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 56-тата седница. Во Парламентот ќе заседаваат и неколку собраниски комисии, а трето продолжение на седницата ќе одржи и Анкетната комисија за утврдување на околностите за инцидентите во Собранието што се случија на 25 септември и одговорнста на учесниците во тие настани.