Свет: Цената на златото на светските берзи е на највисоко ниво во последните 28 години

Цената на златото на светските берзи е на највисоко ниво во последните 28 години. Во текот на вчерашниот ден таа достигна 748 долари за 31 грам. Според аналитичарите, цената на златото расте како последица од слабиот долар, којшто пак се наоѓа на рекордно ниско ниво во однос на еврото.