Сплит: Состанок ,,Адриатик-Балтик-Атлантик“ за НАТО интеграциите на Јадранската група

Министрите за одбрана и за надворешни работи, Лазар Еленовски и Антонио Милошоски ќе учествуваат на состанокот „Адриатик-Балтик-Атлантик“ што се одржува во Сплит. Состанокот е посветен на начините за олеснување на интеграциите во НАТО на земјите од Јадранската група - Македонија, Хрватска и Албанија, а ќе стане збор и за состојбите во регионот. На состанокот покрај министрите за одбрана и надворешни работи од земјите од Јадранската група, учествуваат и претставници од Балтичката Група (Естонија, Латвија и Литванија) и од Соединетите Држави.