Исламабад: Продолжуваат борбите меѓу пакистанските трупи и милитантите

Во северо западен Пакистан денеска 4 дена како продолжија борбите меѓу пакистанските трупи и милитантите. Според армијата, над 200 милитанти се убиени, а загинале и 47 војници. Воздушните сили ги бомбардираат скривалиштата на талибанците и Ал Каеда кои во регионот на Северен Вазиристан се стационираа по американската инвазија на соседен Авганистан во 2001 година.