Стокхолм: Денеска ќе биде соопштен добитникот на Нобеловата награда за медицина

Во Стокхолм денеска се очекува да биде соопштено името на добитникот на Нобеловата награда за медицина со што се отвара сезоната на овие најпрестижни признанија во неколку категории. Нобеловата награда за литература ќе биде доделена в четврток. Иако академијата не ги објавува имињата на кандидатите меѓу оние со чии имиња се шпекулира се американецот Филип Рот и Дон Делило, израелецот Амос Оз, перуанецот Марио Варгас Лјоса и мексиканецот Карлос Фуентес.