Анкара: Убиени 13 турски војници во вооружен судир во југоисточниот дел на Турција

Курдските бунтовници убија 13 турски војници во вооружен судир во југоисточниот дел на Турција. Во тек е операцијата за пронаоѓање на напаѓачите а армијата отвори оган врз реон во близина на границата со Ирак, за да ги спречи бунтовниците да избегаат, соопштија турски воени извори.