Лондон: Премиерот Гордон Браун нема намера да распише вонредни парламентарни избори

Британскиот премиер Гордон Браун синоќа соопшти дека нема намера да распише вонредни парламентарни избори и покрај тоа што анкетите на јавното мислење покажуваат дека предноста на лабуристите во однос на опозициските конзервативци е значително мала. Најавата за предвремени избори веќе неколку недели се споменуваше во британските медиуми. Премиерот Браун не е обврзан да распише избори пред 2010 година, но резултатите од анкетите предизвикаа гласини дека премиерот Браун ќе ги закаже изборите предвреме.