Букурешт: Реформи во економската и политичката сфера за членство на Македонија во НАТО

Македонија, Албанија и Хрватска имаат остварено напредок во реформите во одбраната, но НАТО треба да ги има предвид и реформите во економската и политичката сфера, пред да реши да ги покани за членство, изјави во Букурешт претседателот на воениот комитет на НАТО, Реј Ено. Тој додаде дека одлуката на НАТО ќе биде донесена врз основа на индивидуалните постигања на тие држави.