Пјонгјанг: Лидерите на Северна и Јужна Кореа потпишаа декларација за разговори за мировен договор

Лидерите на Северна и Јужана Кореа потпишаа декларација за разговори за мировен договор со кој формално би се ставил крај на војната од 1950 до 1953 година. Ким Јонг Ил и Ро Моо Хун се согласија и за поблиски економски односи. Ова е резулатот од три дневниот самит втор во историјата меѓу двете Кореи. Вашингтон во меѓувреме соопшти дека ќе испрати експерти за денуклеризација во Севрена Кореја согласно договорот со Пјонгјанг постигнат на 6 партитните преговори.