Брисел: Претседателот Бранко Црвенковски ја продолжува посетата на Брисел

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ja продолжуваат посетата на Брисел. На вчерашната средба со Црвенковски еврокомесарот за проширување Оли Рен порача дека од Македонија се очекуваат повеќе конкретни резултати, најмногу во судските и во полициските реформи, во државната администрација и во борбата против корупцијата. Не можеме да дадеме бланко чек, ни треба конкретен напредок, а зборовите да бидат претворени во конкретни дела, рече Рен во врска со датумот за отпочнување на преговори на земјава со ЕУ. И Оли Рен и еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана кој исто така оствари средба со претседателот Црвенковски, побараа утврдување на одговорност за инволвираните во неодамнешниот инцидент во Парламентот.