Јоханесбург: Повеќе од три илјади рудари заробени под земја во еден рудник за злато

Повеќе од три илјади рудари се заробени под земја во еден рудник за злато во Јужна Африка, откако се случил дефект на лифтот во рудникот. Спасувачките екипи работат на извлекувањето на рударите, а како што соопштија од компанијата,, Хармони Голд,, петтиот по ред произведувач на злато во светот, нема информации за евентуално повредени или загинати рудари.