Њујорк: Нов извештај на ОН за Авганистан

Во најновиот извештај на Обединетите нации за Авганистан се наведува дека оваа година била најопасна од две илјади и првата кога Соединетите држави ја почнаа интервенцијата врз талибанскиот режим. Во извештајот се прецизира дека годинава во Авганистан биле евидентирани по над петстотини и пеесет инциденти секој месец, што е за стотина помалку од месечниот просек лани.