Киев: Прозападните партии блиску до победа на изборите

Прозападните партии се блиску до победата на парламентарните избори во Украина. Според податоците на Централната изборна комисија, партиите од таканаречената Портокалова револуција на претседателот Виктор Јушченко и на опозициониот лидер Јулија Тимошеко се на пат заедно да осовојат четириесет и пет насто од гласовите. Партијата на прорускиот премиер Виктор Јанукович е на прво место со освоени над триесет и четири проценти, но неговите надежи за задржување на власта пропаднаа, бидејќи социјалистите не успеаа да влезат во парламентот.