Киев: Сеуште нецелосни резултати од изборите во Украина

Резултатите од парламентарните избори во Украина сеуште се нецелосни, а според 94 насто пребројани гласови, Партијата на Регионите на премиерот Виктор Јанукович, е прва со освоени 34 насто. Про-западниот блок, предводен од Јулија Тимошенко, е втор со 31 насто. Соединетите Држави соопштија дека ќе соработуваат со секоја влада која ќе биде ефикасна и ќе им служи на потребите на граѓаните на Украина.