Њујорк: Шефовите на дипломатиите на постојаните членки на Советот за безбедност разговараат за Иран

Шефовите на дипломатиите на постојаните членки на Советот за безбедност денеска во Њујорк ќе разговараат за иранското нуклеарно прашање. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја предводи групата која врши притисок за нови санкции за да се натера Иран да ги напушти активностите за збогатување на ураниумот. Шефот на руската диплматија Сергеј Лавров пак изјави дека Москва нема да ги разгледува новите санкции се додека Меѓународната Агенција за атомска енергија не го презентира во Декември извештрајот за Иран.