Вашингтон: Трошоците за војните во Ирак и Авганистан ќе бидат најмалку 190 милијарди долари

Трошоците за војните во Ирак и во Авганистан во идната година ќе изнесуваат најмалку сто и деведесет милијарди долари, соопшти американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс кој пред комитетот на Сенатот за распределба на финасиите побара дополнителни четириесет и две милијарди долари за идната година. Најголем дел од парите ќе биде наменет за мерките за заштита на американските војници.