Вашингтон: ЕУ да ја поддржи независноста на Косово, изјави Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја повика Европската Унија да ја подржи независноста на Косово. Во интервју за Ројтерс, Рајс рече дека само независноста може да донесе стабилност на Балканот. Во петок во Њујорк треба да биде одржана директна средба меѓу Белград и Приштина со посредтсво на преговарачката тројка.