Москва: Екс рускиот премиер Михаил Касјанов ќе ги бојкотира парламентарните избори

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов денеска обракајки се пред членовите на новоформираната партија рече дека ке ги бојкотира парламентарните избори на 2 декември, но дека има намера да се кандидира на претседателските што е предвидено да се одржат наредната година. Изборите за парламентот не се ништо друго туку имитација на демокртаскиот процес и одлучив да ги бојкотирам, рече Касјанов на првиот Конгрес на својата партија Народот за демократија и правда што се одржува во близина на Москва.