Приштина: 10 декември последен ден од преговорите за статусот на Косово

Членовите на косовскиот преговарачки тим по посетата на Лондон синоќа во Приштина соопштија дека 10. декември е последниот ден од преговорите за статусот на Косово и дека посредничката „тројка“ дала висока оцена за приштинскиот документ за идните односи меѓу Косово и Србија. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека тие нема да бидат одговорни за последиците од блокадата на преговарачкиот процес, кои можат во меѓувреме да се појават.