Белград: Карла Дел Понте во посета на Белград

Главната обвинителка на Хашкиот Трибунал, Карла Дел Понте денеска во Белград ќе разговара со официјални претставници на Србија за соработката со судот, по што треба да поднесе извештај во Европската Унија. Целта на посетата е да се утврди дали во последните три месеци надлежните во Белград постигнале напредок во пронаоѓањето на преостанатите обвинети за воени злосторства.