Њујорк: Одбиено барањето на Махмуд Ахмадинеџат да го посети Светскиот Трговски Центар

Њујоршката полиција, од безбедносни причини, го одби барањето на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат да го посети местото на поранешниот Светски Трговски Центар, кој беше уништен во терористичкиот напад 2001-ва година. Ахмадинеџат ќе допатува во Њујорк наредната недела заради учество на Генералното Собрание на Обединетите Нации.