Лондон: Хосе Мурињо си заминува од Челзи

Тренерот на Челзи, Хосе Мурињо си заминува од клубот. Официјално е соопштено дека раководството на Челзи и Мурињо постигнале согласност за прекин на соработката. Но, според некои извештаи, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович му дал отказ на Мурињо, незадоволен од последните резултати на клубот.