Њујорк: Керим вети форум за акција против климатските промени и борбата против тероризмот

Новиот претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации Срѓан Керим на отворањето на 62 сесија вети дека светското тело ќе стане клучен форум за акција против климатските промени, борбата против тероризмот и сиромаштијата. Керим дипломат и професор по економија од Македонија, како што, јавуваат светските новински агенции, на 192 те делегации им порачал дека ке предлага повеке дебата отколку серија на монолози и акција за реформи на Советот за Безбедност.