Скопје: Собранието ја продолжува расправата за изборниот законик

Собранието на РМ денеска ќе ја продолжи расправата по Предлогот за донесување закон за изменување на Изборниот законик. Вчера пратениците го прифатија предлогот на ВМРО – ДМНЕ, измените на Изборниот законик да бидат разгледани во две фази. Според него, најпрвин ќе се дискутира само по Предлогот за донесување закон, а откако ќе бидат разгледани извештаите на работните тела, Владата ќе ги разгледа и во втората фаза ќе достави Предлог - закон.