Атина: Денеска вонредни парламентарни избори

Во Грција денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои нешто помалку од 10 милиони избирачи ке мораат да гласаат, бидејки според тамошните правила гласањето е задоложително освен во некои случаи предвидени со законот како болест, ангажман во некои државнички работи и слично. Грчкиот премиер Костас Караманлис ги закажа изборите шест месеци пред истекот на рокот сигурен дека владеачките конзервативци повторно ке победат поради добрите економски резултати на владата. Мегутоа начинот на кој се соочува владата со катастрофалните последици од пожарите минатиот месец во кои загинаа 65 лица ги разочара гласачите. Социјалистичката партја ПАСОК која ја води Јоргос папандреу е на второ место според истражувањата на јавното мислење, а анкетите покажуваат и дека 10 проценти од Грците се неопределени и не знаат за која партија да гласаат. Аналитичарите проценуваат дека токму тие ке одлучат за победникот.