Лисабон: Тадиќ изјави дека нема право да ги повика Србите на Косово да излезат на избори

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Лисабон изјави дека нема право да ги повика Србите да излезат на изборите за косовското Собрание, закажани за 17 ноември. Тадиќ, изјави дека следните неколку дена тој и Владата по сериозна анализа на ситуацијата, ќе одлучат дали на Србите на Косово ќе им препорачаат учество на изборите.