Битола: Од вчера исклучен РЕК Битола 3 поради дефект

Од синоќа на полноќ исклучен е третиот блок на РЕК Битола поради дефект на цевка во котелот кој мора да биде отстранет. Во наредните три дена РЕК Битола ќе работи само со еден блок, бидејќи вториот е во редовен ремонт, но нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од ЕЛЕМ. Во меѓувреме е вклучена и термо-електричната централа „Осломеј“ од Кичево.