Москва: Посета на иранскиот шеф на дипломатијата Мотаки

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки во Москва разговараше со првиот човек на Руската агенција за атомска енергија Сергеј Киријенко. Предвидено е Мотаки да има средба и со рускиот премиер Михаил Фрадков, а главна тема на разговорите е изградбата на нуклеарната централа Бушер во Иран. Русија започна да ја гради оваа централа во 1995-та година, но изградбата е во застој бидејки Иран не ги извршувал плаќањата навреме.