Брисел: Посета на српскиот премиер Воислав Коштуница

Српскиот премиер Воислав Коштуница денеска во Брисел ќе разговара со највисоките претставници на Европската Унија. Главна тема е процесот на решавање на косовскиот статус, а ќе стане збор и за тоа до каде се реформите во Србија за доближување до Европската Унија.