Техеран: Невозможно е Иран да ги прекине активностите за збогатување ураниум

Шефот на иранскиот преговарачки тим за нуклеарната програма Али Лариџани изјави дека е невозможно Иран да ги прекине активностите за збогатување ураниум како што тоа го бараат западните земји. Лариџани, пред денешниот состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, прецизира дека Техеран нема да се откаже од нуклераната програма и доколку Советот за безбедност на Обединетите Нации воведе дополнителни санкции против Иран.